РФМ ги пушти во продажба билетите за мундијалскиот бараж со Словачка!
Билетите можат да се купуваат онлајн преку продажната мрежа на „МкТикетс“ и се по цена од 400 и 500 денари.
Македонија натпреварот дома го игра на 17 мај од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ додека три дена претходно ќе гостуваме на Словачка.
Претходно денеска селекторот Лазаров го објави и списокот на ракометари на кои ќе смета за овој бараж.