Лазаров кратеше: Талевски и Пешевски не останаа во игра за двомечот со Словачка!
На конечниот список се најдоа 20 ракометари, од кои Лазаров дополнително ќе ги избере 16-те што ќе конкурираат за настап на двата решавачки натпревари. Поголеми изненадувања нема, но на списокот не се најдоа Филип Талевски и Жарко Пешевски, кои беа на поширокиот список, како и Мартин Серафимов, кој не беше на иницијалниот список од 35 ракометари.

Македонија преку баражот со Словачка ќе се обиде да обезбеди осмо учество по ред, односно вкупно десетто во својата историја. Собирот на националниот тим е закажан за недела (10 мај), со почеток од 13.30 часот.
Првиот натпревар ќе се игра на 14 мај во салата „Татран Арена“ во Прешов од 19 часот, додека реваншот е закажан за 17 мај во „Борис Трајковски“ во Скопје, исто така со почеток во 19 часот.