Младите фудбалерки на Македонија поразени на пенали од Андора
Андора поведе преку Бос во 14. минута, а потоа во 79. минута зголеми на 2-0, но Македонија со погодоците на Елена Наумоска израмни на 2-2.
Натпреварот во регуларните 90 минути заврши 2-2, по што победникот се решаваше на пенали каде што Андора беше поуспешна.
Македонија го игра следниот меч против Косово в понеделник од 13 часот.
Фото: ФФМ