Отворени „Плазма Спортските игри“ - 27.000 деца од цела држава ќе џагорат во Скопје (ФОТО)

На скопскиот плоштад „Македонија“ денеска свечено беа отворени „Плазма Спортските игри за млади“, со симболично палење на пламенот од страна на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски и спортистите Дарио Ивановски и Игор Стефановски Иџе.

Станува збор за спортски проект што ќе опфати повеќе од 27.000 деца од целата држава, кои ќе се натпреваруваат на локално, регионално и државно ниво во повеќе спортови, меѓу кои атлетика, баскет, одбојка, ракомет, шах и мал фудбал.

Најдобрите учесници ќе обезбедат пласман на големото меѓународно финале во Сплит, Хрватска. Организаторите порачаа дека целта на игрите е промоција на спортот, фер-плејот и здравите навики кај младите.