Шпанците го открија „кртот“: За хаосот во Реал Мадрид највиновен е – Винисиус!
Според медиумите, Валверде и Чуамени неколкупати жестоко се судриле на тренинзите, а ситуацијата кулминирала со физички инцидент по кој Уругваецот завршил во болница. Иако Валверде јавно тврди дека тепачка немало, атмосферата на „Сантијаго Бернабе“ е далеку од мирна. Слабите резултати, незадоволството околу Килијан Мбапе и внатрешните поделби сериозно го тресат клубот, а нова цел е – откривање на „предавникот“.
Според „Мундо Депортиво“, прстот е вперен кон Винисиус Жуниор, кој, наводно, ги пренел случувањата до тренерот Алваро Арбелоа. Тоа дополнително ја поделило соблекувалната, а тензијата меѓу играчите никогаш не била поголема.
ФОТО: X / @realmadrid