Чкембари удрија по ракометарите на Пелистер: Одете си - сите до еден!
Пелистер синоќа доживеа дебакл во Скопје, пораз од 15 голови разлика. Во второто полувреме битолскиот тим даде само седум голови. Ракометарите на довчерашниот шампион изгледаа бледо, анемично, без желба за надигрување.
Таквиот однос на теренот на пелистерци, предизвика револт на навивачката група Чкембари која денеска преку соопштение го кажа својот став.
„Јавно прашање до СОПСТВЕНИЦИТЕ, СТРУЧНИОТ ШТАБ И РАКОМЕТАРИТЕ!
Со што Битола и Чкембари заслужија да си играте мајтап со името Пелистер???
Дали сте свесни дека овој град, за вие да имате сe што ви е ветено, си одделува од лебот од уста? Пелистер не почнал од вас. Пелистер не станал симбол на македонскиот ракомет поради вас. Пелистер е Пелистер благодарение на тони пролеана крв за тој свет дрес кој вие денес го мочате.
Пелистер е создаден од генерации кои играле во услови далеку полоши од вашите, ама гинеле на терен. Овој клуб го красеа инает, храброст и душа. А вие денес изгледате како бездушни платеници.
Чисто за анализа, ќе имате ли доблест повторно да се погледнете на што личевте вчера?
Ви сметал овој, ви сметал оној, тој со тој не зборувал, некој со некого се пцуел... Оправдувања како во некоја селска кооперација.
Земате илјадници евра – ЗА ШТО?
Ако не сакате да го работите тоа за што сте платени, имате излез. Одете си. СИТЕ ДО ЕДЕН!
Немате проблем да земате плата, ама имате проблем да го дадете максимумот за клубот што ве плаќа? Еден ебан денар од ПСЖ наваму не сте заслужиле.
На многу ваши глупости сме се воздржувале во минатото, само поради доброто на клубот, и тоа на наша штета.
Доста е ЌУТЕЊЕ!!!!
БАРАМЕ, конкретни и коренити промени уште денес, за доброто ваше, наше и на клубот. Секогаш сме и ќе бидиме само позади интересите на Пелистер. Сите сте криви, промени треба од горе до долу!!!!“, стои во соопштението на Чкембари.