Фановите на Реал го нападнаа Инстаграм профилот на Чуамени - сите пишуваат иста работа!
Валверде преку социјалните мрежи ја раскажа својата верзија на настанот, а Чуамени се уште молчи. Неговиот последен пост е од пред четири дена.
Фановите на Реал Мадрид застанаа во поддршка на капитенот Валверде и го нападнаа Чумани на неговиот Инстаграм профил.
„Валверде“, „Почитувај го капитенот“, „Валверде не смее да се допре“, „Валвердe>Чуамени“, „Човеку, почитувај го капитенот“, „Следен пат истепај го Винисиус, важи?“, „Наместо да се обидете да се подобрите за новата сезона по две години без трофеј, вие меѓусебно се тепате“... се дел од коментарите на навивачите на Реал Мадрид.
Се верува дека по овој инцидент Чуамени нема иднина во Реал Мадрид, се очекува тој да замине на лето.