Валверде ќе го пропушти „Ел Класико“ - има сериозна повреда на главата!

Еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, Феде Валверде нема да настапи во „Ел Класико“ откако си ја удрил главата по драмата која се случуваше во соблекувалната со неговиот соиграч Орелиен Чуамени.

Во медиумите се појавија шпекулации дека тие двајца се степале на тренинг, при што настрадал Валверде, а шпанскиот гигант Реал Мадрид веќе најави истрага и суспензија за фудбалерите.

Новинарот Фабрицио Романо откри дека Валверде ја удрил главата и останал без свест, односно ја загубил и меморијата, по што докторите го советувале да одмора барем една недела.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.