Реал Мадрид го елиминира Хапоел и се пласира на Ф4 во Евролигата

Кошаркарите на Реал Мадрид се пласира на завршниот турнир во Евролигата, откако славеше со 87-81 во четвртиот меѓусебен натпревар со Хапоел Тел Авив.

Двете екипи понудија голема борба во првата четвртина, но „кралскиот клуб“ ја доби со 23-21, по што клучната разлика ја создаде пред крајот на првиот дел (46-36).

Хапоел заигра подобро во второто полувреме и му се закани на шпанскиот гигант, меѓутоа на крајот загуби со 24-28.

Гаруба беше најефикасен кај победничкиот тим со 16 поени, додека Отуру запиша 29 поени за Хапоел.

Фото: Facebook/Real Madrid Basket