Кристал Палас и Рајо Валјекано се финалисти во Конференциската лига

Премиерлигашот Кристал Палас славеше и во реваншот против Шахтер (2-1), па така обезбеди финале каде што ќе се судри против Рајо Валјекано кој го победи Стразбур со 1-0.

Кристал Палас постигна гол по само 10 минути, но радоста кратко траеше затоа што ВАР-технологијата го поништи голот поради офсајд. Сепак, домаќините набрзо стигнаа до водство со автоголот на Енрике.

Во самиот финиш на првото полувреме погоди и Шахтер преку Егуиналдо за да го израмни резултатот на 1-1. Меѓутоа Кристал Палас на почетокот на вториот дел преку Сар ги постави конечните 2-1.

Дуелот меѓу Стразбур и Рајо Валјекано го реши само еден погодок, и тоа во 42. минута кога Алемао погоди за 1-0. Домаќинот имаше шанса да израмни во финишот, но Енцисо промаши удар од белата точка.

Финалето во Конференциската лига се игра на 27 мај на „Ред Бул Арена“ во Лајпциг, Германија.

Фото: Facebook/Crystal Palace Football Club