Вардарци славеа со Комити и порачаа: Зелената ера прегоре! (ФОТО)

Ракометарите на Вардар со победата над Пелистер (34-19) освоија нова шампионска титула во Суперлигата, а по натпреварот почна големата прослава заедно со навивачите.

Комити пееја шампионски песни на трибините, а притоа испратија и порака до големиот ривал од Битола, а истата гласеше „Зелената ера прегоре“.