Малус: Сè е можно со вакви навивачи, очекувам убави работи и следната сезона!

Вардар ја освои шампионската титула со триумфот над големиот ривал Пелистер (34-19), а Јака Малус кажа дека е среќен што успеале да го вратат пехарот во Скопје.

Малус кажа дека навивачите им се најголемата поддршка и кога играат пред полните трибини во салата „Јане Сандански“ сè е можно, па притоа најави и нови успеси за идната сезона.

„Мислам дека никој не очекуваше сезона на Вардар кога ги почнавме подготовките, но со секој тренинг и секој натпревар правевме чекор напред. Мислам дека сме на вистински пат и одиме понатаму во новата сезона кон нови успеси. Очекувам полна сала и следната сезона, сè е возможно кога имаме навивачи и голема поддршка од трибините. Вардар остана без пораз дома и тука никој не може да победи“, кажа Малус.