Ечат шампионски песни во „Јане Сандански“ - се слави титулата на Вардар (ВИДЕО)

Македонскиот ракометен гигант Вардар ја освои шампионската титула во домашната Суперлига, и тоа на три кола пред крајот на првенството со убедлива победа против големиот ривал Пелистер (34-19).

По победата на „црвено-црните“ почна големата прослава во салата „Јане Сандански“, каде што се пееја шампионски песни, а ракометарите во еден момент се качија на трибините за да прослават со верната публика.