Чуамени го нокаутирал Валверде, Уругваецот паднал и ја повредил главата!

Нови шокантни детали пристигнуваат од соблекувалната на Реал Мадрид, каде што владее вистински хаос во изминатите денови, а се однесуваат на тепачката на Орелиен Чуамени и Феде Валверде.

Чуамени го нокаутирал Валверде, кој паднал и ја повредил главата, по што морал да биде пренесен во болница на лекување.

„Кралевите“ отворија истрага против двајцата фудбалери и веќе се најавени драстични казни за ѕвездите кои предизвикале тепачка.

Ова е нов инцидент меѓу двајцата фудбалери, кои претходно имале жестока пресметка за време на тренинг.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.