Верните Чкембари нема да го бодрат нивниот Пелистер на дербито со Вардар!

Денеска од 19:00 часот во салата „Јане Сандански“ се игра ново ракометно дерби помеѓу „вечните ривали“, Вардар и Пелистер, но сега во Скопје нема да има гостински навивачи.

Вардар во овој дуел може и да ја потврди титулата бидејќи му е потребен само еден бод, а Пелистер ќе се обиде барем да го одложи славјето на најголемиот ривал, сепак во таа цел нема да имаат помош од своите навивачи.

Имено, гостински навивачи на денешното дерби нема да има, па така Вардар билетите резервирани за гостинскиот сектор ги продава на своите навивачи кои се очекува во голема бројка да ја исполнат салата.

Ќе потсетиме, титулата за Вардар во Суперлигата ќе значи и двојна круна бидејќи неодамна „црвевно-црните“ триумфираа и во Купот на Македонија.