Синот на Фергусон ќе го води поранешниот англиски шампион?

Дарен Фергусон е тренер кој во последниот период работи во пониските англиски лиги, а најголемите успеси ги имаше со Питерборо, клуб кој моментално се натпреварува во Лига 1, односно третиот ранг на англискиот фудбал.

Синот на легендарниот Сер Алекс Фергусон е без ангажман од октомври 2025 година, кога доби отказ токму во Питерборо.

Сега тој се споменува како еден од кандидатите за клупата на Лестер, потег со кој не се согласуваат дел од навивачите на клубот, кои веќе упатија критики на негова адреса, но управата, сепак според информациите на островоските медиуми ги продолжила преговорите.

Фергусон е отворен за соработка, особено затоа што се очекува Гери Ровет, кој беше ангажиран за да го спаси тимот во тешка ситуација, да го напушти клубот.

Лестер ќе потсетиме сезонава доживеа вистинска катастрофа и испадна од Чемпионшип во третиот ранг од англискиот фудбал.

Фото: Peterborough United