Магдебург го реши Пик Сегед и се пласира на Ф4-турнирот во ЛШ
Германскиот гигант беше подобар противник на теренот и го доби првото полувреме со 23-19, по што стана јасено дека Пик Сегед ќе има невозможна мисија до крајот да ја анулира негативата. До крајот на средбата домаќинот дополнително го зголеми водството и стигна до 45-37.
Најефикасен во победничкиот тим беше Магнусон со осум голови, додека Смарасон запиша седум голови за Пик Сегед.
На Ф4 во ЛШ веќе своето место го обезбедија и тимовите на Фуксе Берлин, Барселона и Алборг.