Чуанмени и Валверде се соочуваат со суспензија од 20 меча, па дури и со – откази!
Според шпанските медиуми, потенцијалните казни се драстични – од суспензија до 20 натпревари, па дури и раскин на договорот.
Инцидентот наводно започнал со жестока расправија на тренинг, а потоа ескалирал во тепачка. По налетот на Чуамени, Валверде при падот удрил со главата, добил расекотина и накратко ја загубил свеста.Наводно морал да биде изнесен во инвалидска количка, по што бил префрлен во болница. Од клубот подоцна соопштиле дека Уругваецот ќе мирува меѓу 10 и 14 дена поради трауматска повреда на главата.
Според правилникот на Ла Лига и синдикатот на играчи, ако случајот биде оценет како „сериозен“, двајцата можат да добијат од три до 10 меча суспензија. Ако биде класифициран како „многу сериозен“, казната може да скокне на 11 до 20 натпревари. Во најлошото сценарио, постои и можност за прекин на договорите. Фактот што Реал отвори официјална истрага покажува дека во клубот ситуацијата ја сметаат за исклучително сериозна. Ќе биде назначен истражител, а двајцата фудбалери ќе имаат право на одбрана пред да биде донесена конечната одлука.
ФОТО: FB / Real Madrid C.F.