Фудбалер на Шкендија (А) „призна“ дека мечот со тетовска Шкендија е – сомнителен!? (ФОТО)
Освен видеото од погодокот, како доказ за овие тврдења денеска е информацијата дека дури и еден од фудбалерите на арачиновци, Арсим Ламалари, де факто потврдува дека имало сомнително, со „лајкување“ на објавата за овој скандал на еден од медиумите на албански јазик во државата.
Ова вчера го објави порталот „infosport.mk“, денеска објавува дека најмалку петмина фудбалери покажале револт и незадоволство поради она што се случувало на куп-дуелот против Шкендија Тетово, одигран вчера. Според порталот, причина за незадоволството се наводни наредби за тоа како да играат и да се однесуваат, а кои довеле до нивна замена најдоцна до 60. минута од натпреварот. По нивното излегување, шампионот го скрши отпорот на Шкендија Арачиново и со голови во 86. и 89. минута дојде до победата од 2-0.

„Излегувањето од игра на овие фудбалери предизвика драстична промена во играта, а како резултат на тоа, видовме целосно анемична Шкендија Арачиново, особено при постигнувањето на головите“, пишува infosport.mk.
Меѓу оние кои беа заменети е и голманот Столевски кој, наводно, бурно реагирал, а неговата замена Шукриу се води како еден од виновниците за првиот гол на тетовскиот тим. Сето ова навестува дека мора да има подетална истрага и ако се пронајде нешто спротивно од актите на ФФМ и законите во државата, виновниците мора драстично да се казнат.