Тиквеш доби забрана за регистрација на фудбалери!

Екипата на Тиквеш се соочува со забрана за регистрација на нови фудбалери поради неисплатени обврски кон фудбалерот Филип Михаљевиќ.

Имено, според известувањето од ФИФА, забраната за тимот од Кавадарци ќе трае се до целосно подмирување на обврските или најдолго до три следни преодни рока.

ФФМ информираше и дека од ФИФА стигнало барање за веднаш да се имплементира одлуката и на национално ниво.

Инаку, Тиквеш имаше проблеми и во младинска конкуренција и токму затоа неодамна од ФФМ доби санкција од 1.000 евра и одземени три бода во Младинската Супер лига за настап на фудбалери со лажни легитимации во натпреварот против Скопје.