Чуамени го прекина молкот по тепачката со Валверде (ФОТО)

Голем скандал го тресе Реал Мадрид, откако медиумите објавија дека се степале Орелиен Чуамени и Федерико Валверде, а по драмата реши да се јави и францускиот фудбалер со порака на Инстаграм.

Чуамени ќе биде во составот за „Ел Класико“, објави новинарот Фабрицио Романо, по што ја сподели пораката на Французинот во која се извинува за скандалот кој го потресе клубот.

„Тоа што се случи на тренинг е неприфатливо. Без разлика кој е во право, мора секогаш да го бараме најмирното решение на конфликтот. Се извинувам поради лошата слика која ја оставивме за клубот. Сега не е време да се разбере кој кажал нешто или направил, кој бил во право. Ја прифаќам казната на клубот. Остануваме семејство, иако понекогаш не се сложуваме, но мора да ги ставиме целите на клубот на прво место. Им се извинив на сите соиграчи, а им се извинувам и на сите навивачи“, објави Чуамени.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.