Кошмар за Осогово, Г. Коњаре и Преспа: Беса се пишмани - ќе игра во Втората лига!

Екипата на Беса од Добридол ја повлече најавата за целосно повлекување од сениорскиот фудбал и најави настап во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), потврди портпаролот на клубот, Шабан Синани.

Според него, екипата ќе биде дел од новата сезона и покрај неодамнешните шпекулации дека клубот ќе се фокусира само на младинските категории. Беса минатата сезона испадна од Првата лига, откако загуби во бараж натпреварот против Башкими.

Ова носи нов хаос во формирањето на второлигашката конкуренција, односно носи кошмар кај Осогово, Горно Коњаре и Преспа, кои загубија во баражите. Со најавеното откажување на Беса овие три тима ќе добија второлигашки статус, но ако се оствари ова пишманење тогаш ќе мора да се направи ждрепка и еден од нив ќе мора следната сезона да игра во Третата лига.