Комити со уште една моќна кореографија ја спуштија завесата на есенската полусезона! (ФОТО)

Вардар денеска против Тиквеш го играше последниот првенствен меч во есенскиот дел од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а неговите навивачи, Комитите приредија уште едно шоу.

Навивачите на Вардар во овој тежок период постојано се со тимот, Комитите се ветерот во грб на фудбалерите кои водат жестока борба за опстанок.

Така беше и денеска, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, Комитите направија фантастична кореографија за крај на првиот дел од сезоната.