Комити: Не сте свесни колку сме бесни!

Слично како минатата недела по поразот од Шкупи, навивачката група на Вардар, Комити вечерва објави нова порака преку социјалните мрежи.

Тогаш упати „последна опомена до управата“, но по денешниот дебакл од Воска, ситуацијата е уште полоша и потензична.

 

 

„Не сте свесни колку сме бесни“, напишаа Комити со илустрации од нивната кореографија на мечот одигран на Градскиот стадион.

На репрезентативната пауза Вардар ќе замине позициониран на делба на последната позиција на табелата во Првата лига со само три освоени бода и три порази во досегашните четири кола.