Хуман гест на Пелистер: Приходот од билетите за дербито со Вардар ќе се донира
Имено, раководството на битолскиот клуб одлучи сите средства од билетите за дербито да ги донира на семејството на Зоран Петковски - Петкото, легендата на битолската и македонската кошарка кој почина неодамна.
Билетите се продаваат по цена од 200 денари, а можат да се купат онлајн (ТУКА) и физички од ДИМПО Тобако и билетарата пред стадионот „Петар Милошевски“ на денот на натпреварот.