Прв трипл дабл на Дончиќ сезонава и бројки какви имал само Чембрлен пред 63 години (ВИДЕО)
Словенецот го предводеше тимот, кој сè уште е без Леброн Џејмс, до победа од 130-120 на домашен терен над Мајами Хит. Дури и кога Дончиќ шутира под просекот од поле (9/22) и катастрофално од тројката (1/11), тој успева да забележи статистика со која ќе влезе во историјата на најсилната лига. Го надомести претходно споменатиот слаб шут од поле со слободни фрлања (10/12) за 29 поени. Се истакна со одлична дефанзивна игра, бидејќи имаше 11 скока, а додаде и три украдени топки. Својот прв трипл дабл во сезоната го заокружи со 10 асистенции.
Дончиќ ја отвори сезоната со 43 поени против Голден Стејт, по што блескаше против Минесота со 49 поени. Потоа, по пауза од три натпревари поради повреди на прстите и ногата, тој се врати со ефект од 44 поени против Гризлис. На тој начин му се придружил на Вилт Чемберлен, двајцата се единствените во историјата на најсилната лига што ја отвориле сезоната со три последователни натпревари во кои постигнале 40 поени.
Дончиќ исто така стана првиот НБА играч од 1961 година што ја отворил сезоната со три натпревари со повеќе од 40 поени. Сега, со 29 поени против Мајами, тој ја принуди најсилната лига во светот повторно да посегне по архивите за да го најде последниот пат кога некој ја отворил сезоната вака.
„Дончиќ постигна 165 поени во првите четири натпревари од сезоната. Тоа е најмногу од Вилт Чембрлен во 1962 година“, објави НБА.
На мечот против Мајами, Дончиќ имаше поддршка од Остин Ривс кој постигна 26 поени и 11 асистенции и Џејк Ларавија со 25 поени и осум скока. Кај Мајами, Хаиме Хакез беше најистакнат играч со 31 поен и осум скока.
РЕЗУЛТАТИ: ЛА Лејкерс – Мајами 130-120 Феникс – Сан Антонио 130-118 Њујорк – Чикаго 128-116 Бруклин – Филаделфија 105-129 Шарлот – Јута 126-103 Кливленд – Атланта 117-109 Торонто – Мемфис 117-104 Оклахома – Њу Орлеанс 137-106