Гужва и непотребно малтретирање на Комити

Фудбалерите на Вардар вечерва го играат натпреварот од квалификациите во Конференциската лига против Ла Фиорита, а пред почетокот на натпреварот на влезот дојде до непотребна тензија и малтретирање на навивачите на Вардар.

Пред самиот почеток на средбата однесувањето на службите за безбедност придонесе за гужва на влезот за потоа навивачите да дојдат до своите места на трибината.  

Ќе потсетиме, навивачите на Вардар во текот на вчерашниот ден регираа со соопштение во кое истакнаа дека актуелната управа на клубот забранува внесување на нивните знамиња.