Грнчаров е нов тренер на Македонија ЃП

Македонија Ѓорче Петров завчера се раздели со Тони Џангаровски поради лошите резултати поради кои прволигашот падна на дното на табелата, а денеска скопскиот тим го промовираше новиот тренер, Бобан Грнчаров.

Грнчаров го прифати предизвикот да ја предводи Македонија ЃП и ќе има тешка задача до крајот на сезоната да обезбеди опстанок во македонската елита.

Актуелниот освојувач на македонскиот Куп е на 12. место во првенството со само 18 освоени бодови, а пред него се Брегалница од Штип и најтрофејниот македонски клуб Вардар.

Македонскиот стратег утре ќе го има дебито на кормилото на неговиот нов клуб, кој ќе се соочи со шампионот Струга.