Џангаровски повеќе не е тренер на Македонија ЃП

Македонија Ѓорче Петров се наоѓа во ужасна форма и на последното место во Првата лига, а тоа го натера раководството на тимот да ја прекине соработката со тренерот Тони Џангаровски.

Џангаровски ја предводеше екипата од Ѓорче Петров само три месеци, но спогодбено му беше прекинат договорот поради тоа што прволигашот не ги реализирал плановите.

„Ве известуваме дека денес спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер Тони Џангаровски, кој ја водеше нашата екипа во изминатите 3 месеци. Оваа сезона, работите не одеа на посакувото ниво, па затоа, по заедничкиот денешен разговор, спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер. За сето сработено во нашиот клуб, му се заблагодаруваме од сè срце на Тони Џангаровски и му посакуваме многу здравје, среќа и успеси во иднина“, соопшти Македонија ЃП.

Македонија ЃП се наоѓа на последната позиција со 18 бодови, односно два помалку од Брегалница и три бодови помалку од Вардар.