Фудбалер на Преспа претепан во Волино, реагирала полицијата!

Во натпреварот помеѓу Саетска и Преспа во рамките од 15. коло во Третата лига - југозапад се случил инцидент во кој бил нападнат фудбалер селото Грнчари (Ресен).

Инцидентот кој се случил по завршувањето на натпреварот  го потврдија и полицијата  од каде што реагирале и го уапсиле напаѓачот, 43-годишниот С.Б од Волино.

„Тој, по завршување на фудбалски натпревар од третата фудбалска лига одржан во Волино, физички нападнал 25-годишно лице од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил префрлен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид за укажување помош. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид“, информираа од СВР Охрид.

Натпреварот завршил без победник 1-1.