Фудбалската федерација на Македонија вчера на помпезен начин се пофали дека завршила со нејзиниот дел од реконструкцијата на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, што веднаш беше демантирано од страна на локалната самоуправа. Фотографиите кои ги добивме од Прилеп покажуваат дека ФФМ и тоа како има уште што да сработи, пред повторно да ја лаже јавноста за нејзините големи „успеси“.

Бусените трева кои ги поставија луѓето се во лоша состојба, делуваат како „сечени, лепени, монтирани...“, зад головите е оставена земја, наместо и тоа место да „зазелени“, тревата почнала да се суши уште „непотфатена“, а рефлекторите веројатно од срам се свртиле кон небото.

Мора да се признае, ваков шунд одамна немаме видено. Слободно може да се напише нов роман, со наслов „Крпен живот од ФФМ“.

Утринава објавивме зошто ѝ се брза на ФФМ да го предаде стадионот на општина Прилеп.