Фаворитите без грешка: Брегалница на чекор до Прва лига, Скопје и Шкендија до бараж!

Брегалница денеска триумфира со 3-0 против Осогово во претпоследното коло од Втората лига, а победи остварија и Скопје и Шкендија Арачиново, па така фаворитите ги оправдаа улогите и ја продолжија трката за пласман во елитата.

Брегалница славеше со убедливи 3-0 на гостувањето кај Осогово, па така во последното коло ќе ја заверува првата позиција против Победа и пласманот во елитата.

Скопје остана зад нив на табелата, откако денеска го прегази Големо Коњари со 6-1, додека Шкендија Арачиново славеше со 5-1 против Новаци.

На остантите натпревари, Слога Виница славеше со 3-2 против Преспа, додека Вардар Неготино ја надигра Победа со 5-3, а Тетекс го совлада Кожуф со 4-1. Победа оствари и Беласица со 1-0 против Каменица Саса.

Претходно беше одложен натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Охрид поради невреме.

Табела: Брегалница 68, Скопје 68, Шкендија Арачиново 66, Охрид 62, Беласица 55, Осогово 53...