Невреме го одложи мечот меѓу Детонит и Охрид
Временските услови ги спречија фудбалерите на двете екипи да го почнат натпреварот кој е од голема важност за Охрид кој се бори за третата позиција во лигата.
Охрид има 62 бодови, односно еден поен помалку од Шкендија Арачиново и до последното коло ќе се борат за топ-3 и место во баражот за пласман во повисок ранг.