Динамо Киев го најави трансферот на Рамадани од Шкендија (ФОТО)
Рамадани е дете на Шкендија и младински македонски репрезентативец, кој од ланското зимо беше приклучен на првиот тим и има петгодишен договор со матичниот клуб, но брзо ги освои симпатиите во киевскиот гигант, особено после контролката во Анталија зимава на која Шкендија загуби минимално со 0-1.
Рамадани сезонава има 14 настапи на 19 меча за Шкендија.
Инаку неодамна се појавија информации дека на лето Динамо Киев ќе го купи и надобриот фудбалер на Шкупи, нигерискиот напаѓач Сандеј Адетунџи, кого скаутите го гледале и биле импресионирани во Анталија кога даде хет-трик против Жалгирис.