Давид Бабунски пред промоција во Вардар!

Македонскиот фудбалер Давид Бабунски е пред потпис со екипата на Вардар каде што се очекува да биде огромно засилување за понатамошниот дел од првенството. 

Последниот ангажман Бабунски го имаше во шкотски Данди јунајтед од каде што си замина на крајот од сезоната по истекот на договорот, па така Вардар со него без оштета добива фудбалер кој може да биде од огромна важност за шампонските амбиции во домашното првенство. Според информациите, играчот за врска треба да потпише тригодишен договор со црвено-црните, а промоцијата да биде деновиве кога во тек е паузата поради натпреварите на репрезентацијата против Саудиска Арабија и Лихтенштајн. 

Вардар за Бабунски би му бил прв клуб на домашната сцена со оглед на тоа што кариерата уште како тинејџер ја почна во академијата на Барселона. Подоцна беше дел од Црвена Звезда, Јокохама, Омија, Ботошани, Виторул, Дебрецен и Мезоковешд.

За сениорската репрезентација на Македонија досега има 18 настапи,  додека претходно настапуваше и за генерациите до 17, 19 и 21 година за која постигна и пет погодоци.