
Брера по само четири кола остана без тренер!
Брера во четири натпревари во кои играше со Пелистер, Силекс, Тиквеш и Вардар од стартот на сезоната не успеа да запише ниту една победа, двапати ремизираше и двапати загуби, па Стојанов одлучил да се повлече.
Стојанов на клупата на Брера седна во април откако претходно работеше во клубот како помошник, а тимот како главен тренер го водеше на 14 средби.
Засега не е познато кој ќе го наследи на клупата, но со оглед на тоа дека следи репрезентативната пауза Брера ќе има доволно време да избере нов стратег.