Второлигаш од село со 2.000 жители направи сензација во Купот на Хрватска!

Продолжува ужасниот период за некогашниот хрватски шампион Ријека, откако овој тим денеска беше елиминиран во осминафиналето од Купот и тоа тоа е претпоследниот на второлигашката табела, БСК од Бело Брдо.

Сензацијата е уште поголема ако се знае дека станува збор за екипа од село кое има помалку од 2.000 жители. Шесткратниот победник во ова натпреварување прв поведе, но потоа прими два гола и мораше да се збогува од настапот во Купот на Хрватска.

Ова е само масло на оганот во таборот на Ријека, која сезонава игра исклучително лошо и е дури седма на табелата во првенството со дури 23 бода помалку во однос на лидерот Динамо Загреб.