Во Динамо тријат раце: Барса го купува Олмо од Лајпциг, нови милиони доаѓаат на „Максимир“

Загрепски Динамо, кој имаше историска евросезона со настапот во четвртфиналето во Лига Европа, освен фантастичната сезона и добрата заработка, сега е посебно возбуден после информациите дека Жоан Лапорта, новиот претседател на Барса тргнал да го врати Дани Олмо во Каталонија.

Шпанскиот репрезентативец кој лани замина од Динамо во Ред Бул Лајпциг е дете на Барса, кого Здравко Мамиќ го зема од „Ла Масија“ за 300.000 евра и го продаде во Германија за 22 милиони евра плус 20 отсто од следниот трансфер. И поради ова, сега на „Максимир“ се посебно возбудени дека може да ќарат баш добра сума на пари ако се реализира најавениот трансфер.

Вредноста на Олмо, кој се очекува да игра и за Шпанија на претстојното Евро 2021, според трансфермаркт е 38 милиони евра, но тешко за верување е дека Лајпциг ќе го продаде за помалку од 45 милиони, а можеби би се изборил и за 50 милиони. „Модрите“ при вакво трансфер би добиле 20 отсто од разликата што Лајпциг би ја добил за вредноста која го купил, што значи ако Олмо го продадат за 50 милиони евра, ќе добијат 20 отсто од 28-те милиони профит од трансферот или 5,6 милиони евра.

Ова уште еднаш покажува каква извонредна политика имаат загрепчани и како клубот стана машинерија за пари, по што производството на таленти и нивно пласирање го прави клубот скоро самоодржив, додадено и со константните настапи на европската сцена.