Велкоски збесна на Финецот Тоуминен, да не беа соиграчите – ќе го натепаше (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски, капитен на босанскиот првак Сарајево за малку ќе му удреше добар ќотек на Јасе Тоуминен, Финецот од БАТЕ Борисов во самиот финиш од мечот, но поголем инцидент, а и сериозна санкција за Европа спречија соиграчите на македонскиот репрезентативец.

Велкоски влезе во клинч со Тоуминен, веројатно и го удри, пред да ги разделат соиграчите и судијата да ги „награди“ со жолт картон. Инаку, колку беше клут Велкоски, можеше Финецот дури и да настрада. Едвај го додржаа капитенот на Сарајево.