Ужас: Легендарен српски напаѓач застрелан во Атина!
Според првите информации, во Ковачевиќ било пукано од мало возило во движење, по што поранешниот фудбалер паднал на земја откако бил погоден со куршум во ногата, но засега нема официјална потврда за повредата.
Возило на брзата помош веднаш пристигнало на местото на инцидентот и го префрлило легендарниот напаѓач во локалната болница, додека полицијата пронашла запалено возило за кое се смета дека го користеле напаѓачите.