Тежок резил: Српска телевизија наместо извештај од мечот, пушти - видео игра! (ВИДЕО)

Српската национална телевизија „Хепи“ направи огромен гаф откако во вестите наместо инсерти од натпреварот меѓу Србија и Андора, пушти фудблска видео игра.

Србија со 3-0 ја победи Андора со хет-трик на Александар Митровиќ.

А на телевизијата „Хепи“ наместо инсерти од овој натпревар, одеше фудбалска видео игра со репрезентациите на Србија и Андора.

Некој играл, ја закачил играта на интернет, а оние кои требале да најдат видео за прилогот биле крајно невнимателни, па наместо нормален новинарски производ, излезе тежок резил кој го обиколи Балканот.