Српските фудбалери ќе играат во дрес со ликот на Синиша Михајловиќ?
Нов технички спонзор на Србија би требало да биде компанијата „Макрон“ која е стационирана во Болоња и новиот дрес би требало да има обележја на легендарниот Синиша Михајловиќ.
Врската на Болоња и Михајловиќ е посебна бидејќи токму во овој град Михајловиќ ја водеше битката со леукемијата додека го тренираше својот тим.
Според информациите на дресот би имало силуета на Михајловиќ кој се подготвува да изведе слободен удар. Како што се наведува во текстот на „Газета дело Спорт“ репрезентативците на Србија биле воодушевени од ваквата идеја и тоа не е чудно затоа што за многумина Михајловиќ е и нивни идол од детството.
Ваквиот дрес на Србија би бил уникатен во светот на фудбалот.