Словенија го одложи стартот на сезоната поради – тројца заразени од корона!

Иако за денеска беше закажан стартот на новата сезона во словенечкиот фудбал, тоа нема да се сслучи поради пандемијата од коронавирус и три позитивни случаи во фудбалот, по што фудбалскиот сојуз го проллонгира почетокот за десет дена.

Словенечкиот фудбалски сојуз (НЗС) објави дека 22 август сега е датум за старт на новата сезона откако се појавил коронавирус кај тројца фудбалери и тоа сите тројца се во најпознатиот клуб од дежелата – Олимпија Љубљана.

НЗС направи скрининг и тестирање пред стартот на сезоната како и секоја федерација во овој ек на глобалната пандемија, па проверени беа 450 фудбалери и персонал во клубовите, а трите позитивни случаи веднаш во гклучија алармот и сезоната сега ќе почека за старт.

Според најавите од Словенија, во новата сезона фудбал ќе се игра пред празни трибини, а шампионската круна ја брани Целје, кој изненадувачки стигна до трофејот во доиграната сезона која заврши пред еден месец и сега ќе го претставува словенечкиот фудбал во квалификациите за ЛШ.