Панчев за Модриќ: Тој не е најдобар ниту во историјата на Хрватска, камо ли на овие простори!

Легендарниот македонски фудбалер, Дарко Панчев во интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист“ даде неколку интересни коментари на актуелни фудбалски теми. 

На хрватската спортска јавност сигурно нема да и се допадне неговото мислење за Лука Модриќ. Хрватот минатата година по освојувањето на сребрениот медал на Светското првенство во Русија ги собра сите индинвидуални признанија, но според Панчев тоа не го прави ниту најдобар хрватски фудбалер во историјата, а не во светот. 

„Лука Модриќ секако е голем играч, еден од најголемите на овие простори од поранешна Југославија. Но фудбалот затоа е интересен, некогаш ти дава, но и ти зема. Мислам дека Модриќ не е најдобар ниту во историјата на Хрватска, а секако не на овие простори. Без разлика на големите награди што ги освои сосема заслужено“, коментира Панчев.

Поранешната „Златна копачка“ исто така смета дека квалитетот на фудбалот изминатите години е драстично опаднат за разлика од порано. Тој за „Вечерни“ разговара и на неколку теми за Црвена Звезда и Динамо Загреб.

Целосното интервју на Дарко Панчев за „Вечерни лист“ можете да го прочитате ТУКА