Падна договор: Џеко доаѓа во Сплит кај Гатузо

Хајдук Сплит реши да направи сериозни чекори ова лето и да го ангажира Џенаро Гатузо за нов тренер, па веднаш почна потрагата по нови засилувања, а едно од нив треба да биде босанскиот напаѓач Един Џеко.

Италијанските медиуми пишуваат дека Џеко дефинитивно ќе го напушти Фенербахче и ќе се пресели во Сплит, а наводно веќе биле договорени деталите меѓу двете страни.

Џеко имаше одлична кариера во која играше за Волфсбург, Манчестер сити, Рома, Интер, како и Фенербахче.