Нереди во Сплит: Се степаа навивачите на Хајдук и Осиек - 21 лице уапсено (ВИДЕО)

Вечерва на Пољуд играат Хајдук и Осиек, а во текот на денот во Сплит се забележани неколку инциденти на навивачите на двата клуба.

Најголемиот од нив се случил околу пладне, интересно, во улицата Осиечка каде две групи навивачи влегле во жесток конфликт.

„Околу 13:25 часот е примена дојава за физички дуел на навивачки групи во Сплит. Полициски службеници брзо дојдоа на местото на настанот и го прекинаа конфликтот“, стои во соопштението од полицијата.

Во акцијата е уапсен 21 навивач, од кои 15 на Осиек и шест на Хајдук. Натпреварот на Пољуд веќе почна и засега не се забележани проблеми.