Навивачите во шок: Хајдук одредени екстремни цени на билетите за дербито со Динамо (ФОТО)

Фудбалерите на Хајдук на 3 мај на својот „Пољуд“ ќе го одиграат можеби најважното дерби во овој век против Динамо Загреб, во меч кој би можел да им донесе долгоочекувана титулам но наместо на фудбалерите да им овозможи максимална поддршка од полни трибини, управата на клубот ги изненади навивачите со екстремно високи цени за влезниците.

Цената на билетите за натпреварот достигнува и до 100 евра за местата на запад премиум трибината. Стандардниот билет за западната трибина чини 70 евра, за источната трибина 50 евра, додека билетите за северната и јужната трибина чинат 20, односно 15 евра. Продажбата почнува од понеделник.

Дополнително, билетите ќе бидат достапни исклучиво за членови на клубот, што дополнително предизвика револт меѓу вљубениците во фудбалот.

ФОТО: X / HNK HAJDUK