Серија А не попушта: Лече мора да игра против Аталанта!

Лече во четвртокот соопшти дека ненадејно починал физиотерапевтот Грацијано Фиорита, по што се очекуваше да биде одложен дуелот против Аталанта од 34. коло, меѓутоа Серија А не даде „зелено светло“.

Италијанските медиуми пишуваат дека Лече побарал нов термин за натпреварот, но Серија А смета дека не постои шанса за одложување на средбата и истата ќе се одигра в недела од 20.45 часот.

Лече нема друг избор, освен да излезе на теренот против Аталанта и покрај трагедијата затоа што го чека тешка битка за опстанок. Екипата има 26 бодови на 17. место, односно еден поен повеќе од зоната за испаѓање.

Фото: EPA PHOTO