
ТФТ го надигра Чаир и е на чекор до полуфинале во Првата лига
ТФТ ја најави победата уште во првото полувреме, откако ја доби првата четвртина со 28-20, а до паузата зголеми на 42-29.
Чаир покажа знаци на живот во вториот дел и успеа да направи пресврт (55-54), но ТФТ не дозволи изненадување и со одлична завршница ја обезбеди победата (72-66).
Најефикасен во победничкиот тим беше Закари Браун со 19 поени, додека Диванте Мофит запиша 20 поени за Чаир.