Најдобриот босански судија добивал закани, нема да го суди дербито!

Ирфан Пељто кој важи за најдобар фудбалски судија во Босна и Херцеговина, пријавил закани кои ги добил по телефон и нема да го суди дербито меѓу Сараево и Железничар.

Судијата добивал закани за неговиот живот и животот на неговото семејство, случајот го пријавил и во Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина и им рекол дека нема да го суди дербито.

Пељто се заканил дека ќе поднесе и кривична пријава против лицата кои му се заканувале. 

Овој судија неодамна го судеше мечот меѓу Лајпциг и Реал Мадрид во Лигата на шампионите, но европскиот елитен фудбал и босанскиот се два различни света.

Засега не е познато дали Пељто ќе продолжи да суди оваа сезона во босанската лига.

Гратското дерби меѓу Сараево и Железничар е едно од најжестоките во регионот.